Делии во главна улога: Брутална тепачка на хуманитарен ракометен меч во БиХ (ВИДЕО)

Требаше да биде спектакл за собирање хуманитарна помош, но се претвори во дивјаштво откако на хуманитарниот натпревар помеѓу Бјелина и Црвена Звезда дојде до тепачка помеѓу навивачи во која имало повредени, а меѓу кои има и еден ракометар.

Реагираше и полицијата, но потоа полициската управа во Бијелина соопшти дека не може да потврди ниту да демантира дека се случило инцидент. Две лица со возило на Брза помош се пренесени во Ургентниот центар, каде што им се констатирани полесни повреди.

По укажаната помош биле упатени на домашно лекување. Ако е воопшто важно, Ц. Звезда победи со 30-22.