Дејвис: Очекувам тежок меч против Нексе, но одиме на победа!

Македонскиот првак Вардар вчера направи огромно изненадување на гостувањето во Франција и ја прекина црната серија, откако славеше против фаворитот Монпелје со 28-25, а утре од 20.00 часот „црвено-црните“ ги очекува пресметка против Нексе во СЕХА-лигата.

Тренерот на Вардар, Давид Дејвис најави тежок натпревар во Нашице против Нексе, но смета дека победата против Монпелје ќе ги мотивира неговите избраници да слават и во регионалното натпреварување.

„Очекувам тежок натпревар во Нашице. Игравме против Монпелје во Лигата на шампиони и имаме долг пат од Франција до Нашице. Ќе ни треба малку време и за одмор. Имавме тежок меч со многу притисок. Морам прво да видам која ќе бида најдобрата ротација на играчи. Игравме против Нексе веќе во Скопје, но тие имаа доволно време за одмор и подготовка. Ќе видам како ќе функционира екипата. Победата против Монпелје беше добра за тимот. Сите веруваат во системот. Ќе направиме сè што можеме. Мора да бидеме дисциплинирани и да одиграме најдобро“, вели Дејвис.

Ракометарот на „црвено-црните“, Мартин Карапалевски го пофали следниот противник на македонскиот првак и кажа дека одат да победа.

„Нексе е одличен тим кој игра цврст во одбраната и ќе биде тешко гостување затоа што имаме малку време да се подготвиме и да ги поправиме грешките од Скопје, но секако ќе одиме на победа. Одигравме тежок меч во Франција и мора да продолжиме со игра на високо ниво“, вели Карапалевски.

Поранешниот европски првак веќе одигра два меча во групата Б во СЕХА, а запиша еден пораз од Нексе со 24-25 во Скопје, по што славеше против Војводина со убедливи 26-16.