Алушовски: Имаме проблеми во ростерот, но Вардар не смее да се отпише

Вардар славеше против Мотор Запорожје со 32-27 во рамки на 5.коло во СЕХА-лигата. Иако има доста отсутни играчи, тимот на Стевче Алушовски покажа квалитет. 

Тренерот очекувано беше задоволен од она што неговите избраници го прикажаа на теренот и покрај проблемите. 

Честитки до моите играчи за победата, во текот на целиот натпревар бевме подобар противник од Мотор. Кажав и пред натпреварот, не очекува борба на четири фронта и мора да ја креваме формата од меч во меч. Пред нас е најважниот дел од сезоната. Со Мотор одигравме добро посебно во нападот, иако имаме проблеми со ростерот поради кратка ротација и се трудиме тоа да го компензираме со игра „седум на шест“. Уште еднаш, покажавме карактер и дека Вардар никогаш не треба да се отпише, затоа што има квалитет. Се надевам на уште подобри игри во иднина. Ни следат домашното првенство и Веспрем“, изјави Алушовски.