Зарабец: Тешко ми е, дадовме сѐ што знаеме и пак не беше доволно!

Кил импресионираше во одредени периоди на натпреварот против Вардар, затоа и победи со 28-27, а еден од најдобрите на теренот беше словенечкиот плејмејкер Миха Зарабец. Со разочарување во гласот призна дека вечерва - толку можеле.

Зарабец постигна пет од 28-те гола на Кил и направи уште многу немири во одбраната на Вардар, но залудно. Вели дека тешко ја преживува победата во Скопје, која всушност значи пораз за Кил.

„Не знам што да кажам, тешко ми е. Се боревме до крајот, покажавме сѐ што знаеме но на крајот не беше доволно. Имаше некои зицери кои Арпад ги одбрани и тоа се случува во спортот. Тешко ни е но честитки и за Вардар но и за нашата екипа, навистина дадовме се од себе, штета што не дојдовме до Ф4“, рече Зарабец.