Веспрем го прегази Чургои, Манасков постигна девет гола

Веспрем во 18. коло од унгарската лига славеше убедливо на гостувањето кај Чургои со 31-24, а македонскиот репрезентативец Дејан Манасков покажа уште еднаш дека се наоѓа во одлична форма.

Ракометарите на поранешниот помошник во Вардар, Давид Дејвис одиграа фантастично и се искачија на втората позиција во унгарскиот шампионат, до тоа ги предводеше Манасков со дури девет постигнати гола, па беше и најдобар стрелец на мечот.

Во моментов Веспрем е втор со 24 бодови на табелата во унгарскиот шампионат, а пред нив е Пик Сегед, кој доминира и досега запиша 17 победи и има 34 бодови.