Вардар потврди: Исполнети се условите кон ЕХФ, ќе игра во ЛШ

Поранешниот европски првак Вардар неодамна се соочи со проблеми поради тоа што Европската ракометна федерација (ЕХФ) побара гаранција од милион евра, но тоа сега е надминато и „црвено-црните“ следната сезона ќе играат во Лига на шампиони (ЛШ).

Вардар ги исполнил барањата на ЕХФ во предвидениот рок, па добил повратен одговор дека им е дозволен настап во елитното натпреварување.

Известувањето дека Вардар ќе настапи во елитата било испратено и до останатите учесници во ЛШ, а македонскиот шампион следната сезона ќе игра во групата заедно со тимовите на Кил, Алборг, Пик Сегед, Мешков Монпелје, ППД Загреб и Елверум.

Пред повеќе од две недели и првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски најави дека проблемите со ЕХФ ќе бидат решени и тимот ќе заигра во ЛШ.