Томовски со девет одбрани го запре Хам-Вестфален, Миркуловски и Вецлар загубија од Кил

Македонскиот голман Мартин Томовски со одличен настап го однесе Лудвисхафен во четвртфиналето на германскиот Куп, откако славеа против Хам-Вестфален со 25-24.

Голема борба се водеше на теренот во текот на целиот меч, а Томовски беше фантастичен на голот и имаше девет одбрани против Хам-Вестфален.

Од друга страна, Филип Миркуловски и Вецлар запишаа „тесен“ пораз против гигантот Кил со 25-26.