Томовски: Кил не беше совршен, но ги казни нашите грешки!

Еден од подобрите во тимот на Вардар во поразот во Кил (30-32) беше голманот Мартин Томовски, меѓутоа ни неговите 11 интервенции не успеаја да спречат пораз.

Засилувањето на Вардар, кое дојде токму од Бундеслигата призна дека поразот е плод на сопствените грешки на Вардар.

„Беше тежок натпревар и можеби Кил не беше толку совршен вечерва, но ги казни нашите грешки и би рекол затоа загубивме. Мора да се фокусираме на нас и на нашата игра во иднина. На Кил сè најдобро“, изјави македонскиот репрезентативен голман, кој имаше добри партии против Кил и во дресот на Лудвигсхафен, кој го носеше две сезони.