Тажни сцени од Порто: Ракометарите плачеа пред мечот за својот другар Кинтана (ВИДЕО)

Првиот меч на Порто после трагедијата и смртта на голманот Алфредо Кинтана донесе многу емоции и солзи кај неговите соиграчи, пред мечот со Елверум во ракометната Лига на шампионите.

Кинтана почина три дена откако доживеа срцев удар на тренинг, па денеска сите ракометари меѓу кои и македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски играат во дрес со името на својот другар и колега, а пред мечот, многу емоции во едноминутното молчење во чест на голманот.

Многумина не можеа да ги запрат солзите и едвај се воздржуваа да не прснат во плач.