Стоилов: Не е важно дали Вардар има проблеми или не - целта е Келн!
Стоилов беше еден од најдобрите вардарци во „Шпаркасен арена“, со пет гола од пет шута, но тоа не го менува неговиот однос за неделниот меч - се почнува од нула и се оди на победа.
„Нѐ очекува тежок натпревар против Кил в недела. Ни доаѓа еден од најдобрите клубови воисторијата н аракометот, имаме почит кон нив. Победивме таму, сѐ е тоа супер, но треба да заборавиме. Ова е второ полувреме,а пласманот во Кил е наша единствена опција. Играме дома, имаме поддршука, добро трениравме овие денови и одиме на победа“, вели Стоилов.
Пред 12 месеци Вардар беше во слична ситуација, со гостински успех кај Фленсбург, по што сопственкот Сергеј Самсоненко почувствува потреба да се појави на прес-конференцијата пред реваншот и да ја предупреди Европа да суди правично на реваншот, зашто во спротивно ќе си одел. Тоа беше мала најава за подоцнежните кризи во Вардар, по кои следеше и одливот на играчи од машкиот и информацијата за тоален егзодус во женскиот тим. Финансиската неизвесност уште лебди над црвено-црните, но...
„Сега не е важна ситуацијата во клубот. Ние имаме јасна цел, сакаме да победиме и да се пласираме во Келн, со или без проблемите кои ги имаме“, вели Стоилов.