Србија пред елиминација, Хрватска се опушти, па ремизираше со Австрија

И покрај тоа што во Германија замина со високи амбиции, репрезентацијата на Србија се наоѓа пред елиминација уште по првата фаза од Европското првенство.

Пред два дена испушти победа против Исланд, а вечерва загуби од Унгарија со 27-28, па во третото коло на Србите треба да им се поклопат некои резултати за да освојат едно од првите две места на табелата. Клучен период од мечот беше средината на второто полувреме во кое Унгарија направи предност од пет разлика (25-20) што потоа беше недостижно за репрезентацијата на Србија.

Во последното коло, Србите играат против Црна Гора која нема шанси за пласман во следната фаза, но во досегашните две кола доживеа два тесни пораза. Во вториот меч се среќаваат Унгарија и Исланд, Унгарците се веќе во вториот дел од првенството, но мора да победи за да пренесе бодови што е позитивно за Србија.

Мало изненадување е ремито на Хрватска против Австрија, два дена откако „коцкестите“ ја разнесоа Шпанија со десет разлика. Вечерва, хрватската селекција не беше на тоа ниво иако во финишот водеше со 28-25. Со серија од три гола, Австрија дојде до реми и во последното коло, во директен дуел против Шпанија ќе одлучува за пласман во следната фаза. Хрватска со победа против Австрија ќе се пласира меѓу 12. најдобри на првенството.

РЕЗУЛТАТИ
Хрватска - Австрија 28-28
Македонија - Германија 25-34
Србија - Унгарија 27-28