Славје во Битола: Пелистер втора сезона ќе игра во групната фаза од ЛШ!

Европската ракометна федерација ги објави добитниците на вајлд-кард за новата сезона во Лигата на шампионите.

Многу причини за задоволство има Пелистер кој и претстојната натпреварувачка кампања ќе биде дел од елитата и ќе има можност да го поправи впечатокот по катастрофалните 0/14 од минатата. Шампионот на Македонија е еден од шесте клуба кои добија можност да играат, заедно со Загреб од Хрватска, Нант од Франција, Пик Сегед од Унгарија, Кјелце од Полска и Динамо Букурешт од Романија.

Тие ќе им се придружат на Алборг, Барселона, ПСЖ, Магдебург, Фуксе, Веспрем, Колштад, Висла Плок, Спортинг и Фредериција со што се комплетира списокот од 16 екипи учесници во Лигата на шампионите.