Само ги налутија: Швеѓаните пред мечот со Македонија наместо химна добија – тапани (ВИДЕО)

Ракометарите на Шведска убедливо ја совладаа Македонија (32-20) во синоќешниот прв меч на Светското првенство (СП) во Египет, во пресрет на кој се соочија со непријатна епизода пред почетокот на натпреварот.

Швеѓаните беа збунети кога неместо нивната химна им беше пуштена непозната музија во која доминираа тапани. Тоа траеше неколку секунди, по што организаторот си ја увиде грешката и ја пушти вистинската национална химна на оваа скандинавска држава.