Русија ја прегази Данска за место во полуфиналето на ЕП

Русија останува без пораз на Европското првенство за ракометарки во Франција откако денеска ја декласираше Данска и се пласираше во полуфиналето. 

„Зборнајата“ е прва во групата 1 од главната фаза, по денешниот триумф од 32-21. Данска останува последна на табелата и веќе ги загуби сите шанси за првите две места.

Ана Вјахирева со девет голови беше најефикасна во редовите на Русија, додека Полина Кузнецова реализираше пет пати во противничката мрежа. Катрин Хајндал со пет голови беше најефикасна во редовите на Данска.

Во оваа група вечерва од 21 часот се игра соседското дерби помеѓу Србија и Црна Гора. 

ТАБЕЛА ГРУПА 1
1. Русија 8
2. Франција 5
3. Шведска 3
4. Србија 2
5. Црна Гора 2
6. Данска 2