Порто и Митревски се држеa 40 минути против Флензбург

Флензбург го совлада Порто со 36-29 во рамки на 3.коло во Групата А во ракометната Лига на шампиони. 

Португалците имаа солиден натпревар, барем до 40-тата минута од натпреварот. На полувремето беше 15-15, а Порто одржуваше резултатска неизвесност до резултат 20-20. Потоа Германците притиснаа силно и дојдоа до убедлива победа од седум голови разлика со што го задржа максималниот ефект во групата. За Порто ова беше втор пораз. 

Поранешниот „вардарец“, кој сега ги брани боите на Флензбур, Домен Сикошек-Пелко постигна четири голови, а најефикасен беше Ласе Кјаер Мелер со осум. Мигел Мартин Соареш со пет погодоци беше најдобар кај Португалците. 

На вториот вечерашен натпревар одигран во истиот термин, но во рамки на групата Б, Загреб на домашен терен загуби од Алборг со 26-27.