Почнува ракометната ЛШ: Пелистер ослабен гостува кај ПСЖ

Македонскиот ракометен шампион Пелистер вечерва ќе ја почне новата сезона во Лигата на шампиони (ЛШ) и ќе се обиде да го поправи впечатокот од минатата година кога не освои ниту бод.

Пелистер минатата сезона ги загуби сите натпревари, а на стартот на новата го чека пеколно гостување кај ПСЖ, на кое ќе биде ослабен затоа што не може да смета на Усама Хосни и Самоил Ристевски.

ПСЖ оваа сезона ќе биде без легендарниот ракометар Никола Карабатиќ, кој се пензионира, а деби во екипата од Париз се очекува да имаат десниот бек Јахја Омар и средниот бек Дани Бајенс.

Натпреварот меѓу ПСЖ и Пелистер се игра вечерва од 20.45 часот во Париз.