Пешевски даде еден гол против Кил, Криштопанс го реши Магдебург на Кузмановски

Македонските ракометари Жарко Пешевски и Филип Кузмановски немаа добри натпревари за нивните екипи, кои загубија во денешните дуели. Штутгарт беше декласиран од Кил со 23-35, додека Магдебург во „тесен“ меч загуби од Фуксе Берлин со 24-25.

Фуксе Берлин и Магдебург одиграа возбудлив меч со драматичен финиш, кој на крајот му припадна на новиот тим на Даинис Криштопанс, поранешниот ракометар на Вардар, кој постигна четири голови, додека Кузмановски не даде ниту еден погодок.

Од друга страна, премоќниот Кил немаше милост ниту за Штутгарт, па ги декласираше со 35-23, а Пешевски успеа да постигне само еден погодок.