Пасквал: Ако ме прашате мене, Вардар требаше да победи со поголема разлика!

Вардар чесно и заслужено ја победи Барселона со 27-24, иако доминираше, речиси, во текот на цел натпревар, водејќи и со седум разлика.

Токму тоа беше потенцирано и на прес-конференциајта по мечот и тоа од тренерот на Барселона, Чави Пасквал.

„Честитки за Вардар, заслужија да победат, ако се прашам јас и можеби со поголема разлика. Конечниот резултат не покажува што се случуваше на терен. Разочаран сум со нашата игра, направивме многу грешки во напад и дозволивме лесни голови. Мора уште да работиме. Во овој момент тие се подобри од нас. Во 'Палау“ ќе се обидеме да победиме“, изјави Пасквал