Бартхолд беше незапирлив: Норвешка по 25 години конечно ја победи Шпанија

Норвешката ракометна репрезентација продолжи со доминацијата на Европското првенство (ЕП), откако денеска славеше во дербито против Шпанија со 27-23.

Шпанците имаа водство само на почетокот од 2-0, по што Норвешка ги презема работите во свои раце и на средината на првото полувреме веќе имаше водство од 10-5.

Не се промени ништо во вторите 30 минути, а Шпанија не можеше да пронајде решение за расположениот Бартхолд кој го заврши натпреварот со шест голови и беше најефикасен кај Норвешка, додека во поразениот тим најдобар беше Македа со исто толку погодоци.

Норвешка, Шведска и Шпанија во групата 2 имаат по шест бодови, додека Русија има три, Германија два, а Полска е последна со еден бод.