Во својот прв натпревар како „гледач“ на Металург, Лино Червар немаше баш убава глетка од трибините. Металург губеше и со шест разлика од Мотор во првиот дел, а на пауза резултатот гласеше 16-11. Хрватот седеше неколку реда над клупата на Металург и кога виде дека оттаму не оди, штом заврши полувремето „летна“ во соблекувалната да им каже каде не „штима“ и како да бидат подобри во второто полувреме. 

Лино Червар по 30 октомври веќе не е активен тренер на Металург, туку работи во Хрватска, со тамошната репрезентација. Сепак, официјално не е заминат од клубот, затоа и неделава се врати и водеше неколку тренинзи.