Навивачите на Пик Сегед изразија сочуство до семејствата на загинатите во Бугарија (ФОТО)

Голема трагедија ја потресе Македонија откако во Бугарија изгоре автобус со македонски државјани при што дури 46 лица го загубија животот, а пред натпреварот меѓу Вардар и Пик Сегед, гостинските навивачи истакнаа парола пред салата „Јане Сандански“ и изразија сочуство до семејствата на загинатите.

Навивачите на Пик Сегед истакнаа парола на која имаше кратка порака до фамилиите на загинатите патници во тешката несреќа.

„Сочуство до семејствата на загинатите. Нека почиваат во мир“, пишува на паролата на унгарските навивачи.

Натпреварот во Лигата на шампиони меѓу Вардар и Пик Сегед се игра утре од 20.45 часот.