Нант немаше милост за Иври, Лазаров постигна три гола

Нант триумфираше со убедливи 38-24 во 15. коло од францускиот шампионат против аутсајдерот Иври, а македонскиот репрезентативец Кире Лазаров постигна три погодоци.

Гостите успеаа во првото полувреме да дадат отпор на нападите на фаворитот и да одговорат соодветно, па на пауза заминаа со само три голови негатива.

Сепак, Нант во второто полувреме немаше милост за нивниот противник, а како минуваше времето екипата на Лазаров доминираше на теренот и успеа на крајот да слави со убедливи 38-24.

Нант е второпласиран на табелата со 24 бодови, односно четири помалку од лидерот ПСЖ.