Металург и Е. Пелистер службено победија со Тулуз односно Рајн-Некар Левен

Металург и Еурофарм Пелистер службено ги добија мечевите од Европската лига во ракомет против Тулуз односно Рајн Некар Левен, кои не се одиграа во оваа глобална пандемија досега во рамките на групната фаза, пресуди ЕХФ.

И металурзите, а и битолчани добија по два бода за победа со службен триумф 10-0 во гол-разликата.

За Металург ова е првата победа сезонава, откако само едно реми во досегашните осум меча запича бившиот македонски шампион и сега стигна на три бода во оваа сезона. Службена победа и два бода од пресметка со Тулуз доби и руски Чеховски медведи во истата група, со што сега се искачува на второто место со 12 бода.

Пелистер, пак, со овој службен триумф сега стигна до 11 бода (ова им е петта победа) за да се зацврстат на четвртото место на табелата, откако Кадетен Шафхаузен доби службена победа и два бода од одложената пресметка со Тимо Требње, па останува бод пред пелистерци на табелата. За германскиот гигант поразот е прв во оваа сезона.

Одлуката на ЕХФ за службено да му додели триумф на Пелистер е поради неможноста Рајн-Некар да дојде во Битола, поради актуелната ситуација со коронавирусот и рестрикциите што ги има во Германија.