Металург и Чаир ги дознаа противниците за ЕХФ Купот

Женските ракометни екипи на Металург и Чаир денеска ги добија противниците за престојните натпревари од ЕХФ Купот.

Чаир како финалист од Купот на Македонија при денешната ждрепката беше во шеширот на носители, додека Металург беше неносител.

Чаир за противник ја доби екипата на Керженг од Луксембург, додека Металург ќе игра против Гореле од Турција.

Првите натрпевари се играат на 5/6 октомври, реваншите се седум дена подоцна. Металург треба прво да игра на домашен терен, а потоа да гостува, Чаир спротивно, прво е гостин, па домаќин.