Манасков еден од кандидатите за најдобро лево крило на Вецлар

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков ќе биде еден од кандидатите за најдобро лево крило во историјата на Вецлар.

Манасков како конкуренција ги има Максимилјан Холст, Андреас Климке, Арвидас Кеставиц, Кевин Шмит, Михаел Алендорф, а навивачите преку социјалните мрежи ќе решат кој бил најдобар.

Претходно Вецлар го номинираше и Филип Миркуловски во изборот, а негова конкуренција се Бјарнасон, Балиќ, Голиќ, Салцер и Баур.