Македонија во 2021 година домаќин на два ЕХФ шампионати во младинска конкуренција

Македонија идната година ќе биде домаќин на два ракометни ЕХФ-шампионати во младинска конкуренција, откако Европската ракометна федерација на земјава ѝ додели уште еден турнир, сега во женска конкуренција.

Македонија требаше во август годинава да биде домаќин на кадетскиот ЕХФ-шампионат во машка конкуренција, но поради пандемијата со коронавирус, турнирот е презакажан за во јануари идната година, а на последниот состанок на Извршниот комитет на ЕХФ, земјава сега добива организација и на ЕХФ-шампионатот во женска конкуренција за ракометарки до 19 години.

Македонија во 2024 година е домаќин на Светското првенство за кадетки и сето ова е само продолжение на една традиција во организација на ракометни настани.