Лук Абало наместо да замине во пензија, потпиша за Елверум!

Искусниот ракометар Лук Абало планираше во јуни да ја заврши кариерата, поради тоа што ПСЖ не сакаше да му понуди нов договор, но наместо тоа Французинот реши да го засили норвешки Елверум.

Францускиот ракометар ќе го носи дресот на Елверум во следната сезона, а нема сомнеж дека ќе внесе големо искуство и квалитет во екипата. Исто така, ќе добие шанса да ја исполни својата желба и да настапи на Олимписките игри во Токио, кои беа одложени за 2021 година.

Токму коронавирусот беше и причина зошто Абало ја одложи својата пензија, па уште една сезона ќе настапува на ракометните терени и ќе ги брани боите на Елверум.