Лазаров со три гола го „нокаутираше“ Иври и му донесе полуфинале на Нант

Нант одигра фуриозен меч во францускиот Куп и славеше против Иври со убеливи 43-26, а македонскиот репрезентативец Кире Лазаров постигна три голови за неговата екипа.

Лазаров беше непогрешлив на денешниот меч против Иври, па постигна три гола од три обида од пенал.

Пласман во полуфинале претходно обезбедија и Шартр, Монпелје, а за место меѓу четирите најдобри екипи се бори и ПСЖ.