
Кристијансанд ја продолжи доминацијата во женскиот ракомет – трета титула по ред
Предводени од Ана Вјахирева и Амали Наес Андерсен кои дадоа по шест гола, а голманката Катрине Лунде блескаше со 16 одбрани, Кристијансанд дојде до трета европска титула по ред и ја продолжи доминацијата во женскиот ракомет.
Дека како големи фаворитки ќе дојдат до нова шампионска титула Норвежанките најавија од стартот кога поведоа со 9-4, но Ференцварош со две екс-вардарки во составот Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ успеаа да се вратат до полувреме за само гол негатива (14-13), но неверојатната серија во првата половина од вториот дел реши сѐ.
Кристијансанд направи 10-3 за да дојде до најголемите плус осум (24-16) и сѐ потоа беше рутина за да се стигне до новата шампионска титула.
Голманката Лунде беше МВП после фантастичната партија. Емили Болк и Лекиќ со по пет одбрани беа најдобри кај Ференцварош.