Карапалевски: Треба да внимаваме на Скубе, тој е моторот на Мешков Брест!

Ракометарите на Вардар ќе го одиграат последниот натпревар во групната фаза од Лигата на шампиони против Мешков Брест и со триумф би се искачиле на шестата позиција, но тоа воопшто нема да биде лесно против белоруската екипа.

Мартин Карапалевски предупреди за опасноста која ни доаѓа од Сташ Скубе, кој е лидер на екипата од Белорусија.

„Мораме добро да одиграме. Треба добро да се внимава на Скубе, тој е нивниот мотор. Се оди преку него. Ако него го сопреме ќе биде полесно. Тој не знае нас, ние го знаеме него. Секој меч сезонава во Лигата на шампионите е различен, но подеднакво тежок. Ние играме добро, барем на последните натпревари во ЛШ, иако немавме многу среќата на некои од последните, или пак во последните моменти грешевме. Секако проблем е што во последно време не сме комплетни, па тоа малку ги пореметува нашите планови. Но, како оди сезоната се повеќе се воигруваме“, вели Карапалевски.