Јовиќ: Некои играчи не сфаќаат дека добиваат премногу шанса - а не ја оправдуваат!

Самиот пораз на Меатлург од Мотор не е некоја трагедија, бидејќи загубија од фаворит и од екипа која ќе продолжи понатаму во групата Д, од Лигата на шампионите. Меѓутоа, она што замери тренерот Александар Јовиќ е недостаток на борбеност.

Јовиќ рече дека Украинците заслужено победиле, но криво му е што загубија на ваков начин, без да се борат најдобро што знаат.

„Мотор беше доминантен како во одбрана така и во напад. Заслужено победија, сакам да им посакам среќа во нарендата фаза од ЛШ. Што се однеусва до нашата игра, потфрливме во напад и во одбрана, имавме технички грешки и избрзани напади. Криво ми е што не се боревме до крај на натпреварот. Да загубевме, но на поинаков начин. Имаме млада екипа, но мислам дека одредени играчи треба да сфатат дека добиваат премногу шанса и дека е коректно да ја оправдаат истата на некој начин“, рече Јовиќ на прес-конференцијата по мечот.

Најфикасниот кај Металург, Дарко Димитриевски, призна дека почнале лошо, а потоа не успеале да го дофатат противникот.

„Пред сѐ, сакам да ѝ честитам на екипата на Мотор за одчичната игра. Се подготвуваме цела недела за овој меч, но Мотор дојде далеку подобро подготвен за нашата игра „7 на 6“ која ја играме секогаш. Исто така и нивниот голман имаше добар ден. Го отворивме натпреварот ладно, а Мотор не нѐ остави во еден момент да се приближиме. Заслужено славеа и им посакувам среќа во иднина“, рече Димитриевски, кој постигна пет гола.

Металург ќе ја заврши ЛШ на 2 декември, со гостувањето кај Спортинг.