Сите што дојдоа во Келн, дојдоа за ракометот и за Вардар, но спортот и патриотизмот се нераскинливо поврзани, па на трибините во „Ланксес арена“ се појави транспарент со моќна порака.

Од Келн, ВЛАДКО АРСОВ

Фотографии: РОБЕРТ АТАНАСОВСКИ

Комити еуфорично го бодреа Вардар, но имаа што да ѝ порачаат и на Европа, знаејќи дека еден дел од јавноста фокусирано ги следи случувањата во Келн

„Една нација, едно име - Македонија!“, се појави транспарент на делот од трибините обоен во црвено и црно.

Оваа порака доаѓа во многу критичен период, токму кога Македонија и Грција се среде нови преговори и обиди да го решат спорот за името.