Германската пресметка за Кил: „Зебрите“ се утешија со бронзата во ЛШ

Екипата на Кил го освои третото место во Лигата на шампионите за сезоната 23/24 откако во утешното финале беше подобра во германската пресметка со Магдебург.

Четирикратниот европски првак одигра фантастично прво полувреме кое го доби со 23-14 и на основа на тој резултат потоа дојде до победата. Водеше безмалку во текот на сите 60 минути, со исклучок на моментите кога Магдебург израмни на 5-5. Јохансон со седум гола беше најефикасен кај Кил, а Екберг и Ландин додадоа по шест. Во тимот на Магдебург и воопшто на натпреварот, Мертенс постигна осум гола.

Во големото финале, од 18 часот, се среќаваат екипите на Барселона и Алборг.