Франција подобра од Полска, Мем постигна пет гола

Француските ракометари ја запишаа четвртата победа во квалификациите за Европското првенство (ЕП), откако вечерва беа подобри од Полска со 30-27.

Франција ја презема контролата од самиот почеток и одржуваше предност од еден-два гола, по што Полска израмни на 10-10. Сепак, Дика Мем и неговите соиграчи влегоа во добар ритам и со серија од 4-0 повторно се вратија во предност.

Неизвесно беше и во вториот дел, каде што Полска постојано беше на два гола негатива зад Франција, но никако не успеа да му се доближи на ривалот.

Мем постигна пет гола за Франција, додека исто толку запиша Јан Чувара на спротивната страна.