ЕХФ дозволи вакцинирана публика на женскиот Ф4 во Будимпешта!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) заедно со челниците на унгарскиот национален сојуз се договорија да дозволат присуство на одреден број гледачи на претстојната завршница од Лигата на шампионите (ЛШ), која на 29 и 30 мај ќе се одржи во Будимпешта.

Продажбата на билетите ќе почнат веќе од утре и тоа за половина од капацитетот во салата „Пап Ласло“, каде што ќе се одржат натпреварите. Можност да ги следат натпреварите на четирите најдобри во ЛШ ќе добијат само носителите на документ за вакцинација издаден од унгарските здравствени власти или од земјите со кои Унгарија има потпишано билатерален договор меѓу кои е и Македонија. Сите што ќе влезат во салата ќе мора да носат маска, а храна ќе смее да се продава во арената, но ќе мора да се конзумира надвор од спортскиот објект.

Во полуфиналето од ЛШ во женска конкуренција силите ќе ги одмерат Ѓер и Брест Бретањ (15.15 часот) односно ЦСКА Москва и Кристијанштанд (18 часот) и тоа на 29 мај, додека утредента во истите термини ќе се одиграат средби за третото место и големото финале.