Дарко Ѓукиќ од Вардар замина во Романија

Српскиот ракометар Дарко Ѓукиќ по три сезони го напушти Вардар и се пресели во Динамо Букурешт од Романија.

Динамо со Ѓукиќ ќе ја засили позицијата десно крило каде што имаше проблеми во изминатите сезони.

„Среќен сум што доаѓам во еден од најголемите проекти во европскиот ракомет. Познавам многу од моите идни колеги и верувам дека ќе оствариме добри резултати“, кажа Србинот.

Ѓукиќ во минатото играше за Металург, Бешикташ, Кјелце, Мешков Брест и Вардар.