![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2023/12/06/214702-alkaloid-vo-pobedata-nad-la-rioha-go-dobi-i-fenomenalniot-galevski-video.jpg?itok=9_f9vwOM)
Алкалоид во победата над Ла Риоха го доби и - феноменалниот Галевски (ВИДЕО)
Станува збор за 19-годишно момче, чија иднина е светла и кој не само што е еден од идните лидери на „фармацевтите“ туку и на македонскиот ракомет во целост. Тој на својот трет меч во Европската лига доби целосна доверба од тренерот Кирил Лазаров со оглед што сите 60 минути ги мина на голот.
Галевски беше еден од клучните ракометари на Алкалоид и со 17 одбрани го водеше клубот кон првата европска победа. Погледнете ги сите негови одбрани во синоќешната пресметка во „Јане Сандански“.