Алборг го шокираше Кил, Кјелце подобар од Барселона

Данскиот тим Алборг ја прекина мини-серијата од два порази и конечно победи против Кил со 35-33, па така освои нови два бода и се вклучи во борбата за топ-2 позициите во групата.

Двете екипи понудија одличен ракомет во првото полувреме, а до средината Кил имаше предност од еден гол (10-9), која ја одржуваше долго време, но потоа Алборг влезе во серија од четири гола и поведе со 16-13.

Кил не му дозволи на ривалот да избега, па ја врати резултатската неизвесност во второто полувреме, но немаше сила за пресврт во ниту еден момент од вторите 30 минути, освен во завршницата кога намали на 32-33, но Алборг потоа без проблеми славеше со 35-33.

Кристенсен постигна девет гола за Алборг, додека кај Кил по пет погодоци дадоа Екберг и Зарабец.

Барселона имаше одличен старт во Полска и водство од 5-1 против Вие Кјелце, но домаќините се вратија во игра и израмнија на 10-10. Сепак, Каталонците не попуштаа и во второто полувреме ја вратија предноста од четири гола (19-15).

Виве Кјелце влезе во одличен ритам во последните неколку минути, па со серија од неверојатни 6-0 и така триумфираше со 29-27.

Арино постигна пет гола и беше најдобар стрелец кај Барселона, додека Душебајев со осум погодоци беше најефикасен кај Виве Кјелце.