Вардар ја освои Битола: Пелистер 2 немаше сила за втора сензација со првакот
Помладиот тим на битолчани имаа сила за 40-на минути безмалку да бидат во егал со Вардар, но потоа им снема сила, а и ограничениот ростер не можеше да издржи во битката со црвено-црните.
На средина од вториот дел вардарци дојдоа до највисоките плус четири и константно таа предност ја држеа, за да го приведат мечот кон крајот и да запишат триумф со кој остануваат второпласирани откако првиот тим на Пелистер минатиот викенд со победата во Скопје ја презема лидерската позиција.
Битолчани во завршните три минути се обиде со фластери и агресивна одбрана да се врати, но не го искористи моментот во завршницата со два играчи повеќе да ја направат поинтересна завршницата.
Гоце Георгиевски со седум гола беше најефикасен кај Вардар, Куни Моралес даде четири, ненад Белистојановски со шест, Емилијан Ѓоргоски даде пет кај Пелистер 2