
Вардар им приреди на Борко и на Столе соодветно „испраќање“!
Ристовски и Стоилов без најава, во текот на летните месеци, ја завршија играчката кариера, но останаа во Вардар, Борко како извршен директор, Столе како помошник на тренерот Владо Недановски.
„Тажен сум бидејќи две вардарови ѕвезди веќе нема да играат во дресот на Вардар, но среќен што остануваат дел од клубот“, изјави Михајловски.
И двајцата добија врамени дресови и подароци од Вардар, а не изостана и скандирањето и поздравот од трибините.