Вардар два месеци ќе биде без Нилтон Мело!

Ракометниот клуб Вардар, потврди дека во наредните два месеци ќе биде без левиот бек Нилтон Мело врз кој имаше оперативен зафат на менискусот на коленото.

Од клубот се надеваат дека бекот кој најчесто игра како дефанзивец ќе се опорави за клучниот дел од сезоната.

„Левиот бек Нилтон Мело, имаше успешен оперативен зафат на менискусот на коленото и му претстои период на рехабилитација. Според првите лекарски предвидувања ќе бидат потребни два месеци за враќање на Мело на теренот.

Левиот бек кој повеќе беше со дефанзивни задачи, имаше проблеми со коленото, но мораше со оперативен зафат да се реши состојбата, за да може побрзо да се врати на терен. Операцијата ја изврши др. Небојша Настов, и веќе е почнат професот на рехабилитација на играчот.

Веруваме дека Мело ќе биде целосно подготвен за последниот дел од сезоната и ќе може да им помогне на своите соиграчи во остварување на целите, враќање на трофеите“, се вели во соопштението на РК Вардар.