Вардар без преголема мака обезбеди фајнлфор во Купот на Македонија
Вардар денеска го победи Скопје во ЦС „Јане Сандански“ со 37-24, што за црвено-црните беше повеќе загревање и тренинг пред првиот клучен меч и дерби пресметката со Пелистер во Скопје на 26 март во битката за шампионскиот трофеј.
Скопје против вардарци се држеше само во првите десет минути, па иако најдобрите кај шампионот одмараа, разликата во квалитет беше очигледна, па со полувреме Вардар дојде до плус седум (19-12), а потоа само рутински го одработеа вториот дел од мечот, а седум миниуи пред крајот дојдоа и до најголемите плус 13 (34-21) кои до крајот ги задржаа.
Јан Чувара со девет гола беше најефикасен кај Вардар