Тренерот на РК Охрид ѝ се „закани“ на Струга: Ќе има одмазда за патката! (ФОТО)

„Езерското дерби“ помеѓу Охрид и Струга мина во неверојатна атмосфера, со преполна сала, со триумф на „рибарите“, но и со провокација од стружани, чии навивачи „паткари“ пуштија патка во салата „Билјанини извори“.

Моментот кога патката се најде на теренот на стартот од мечот предизвика еуфорија кај гостите, ама и фрлена ракавица кон домаќинот. По мечот, тренерот на охридските ракометари, Горан Андоновски им се „закани“ на стружани дека на реванш мечот во Струга ќе има – одмазда.

Тој во коментар посочи дека охриѓани на гости ќе им дојдат со – пастрмка.

Како среќа сите спортски работници во Македонија да ги краси ваков дух.