Тиквеш го декласираше Работнички за втор триумф во Суперлигата

Тиквеш денеска славеше со убедливи 33-21 на домашен терен против Работнички, со што ја запиша втората победа во ракометната Суперлига.

Работнички беше солиден во првото полувреме и имаше водство во вториот дел од првото полувреме со 11-9, но домаќинот не дозволи никакво изненадување, па на полувреме замина со 15-11.

Тиквеш во второто полувреме го наметна своето темпо и постојано го зголемуваше водството, кое на крајот достигна до 33-21.

Најефикасен во екипата од Кавадарци беше Коцев со осум постигнати голови, додекај кај Работнички најмногу се покажа Ончев со шест погодоци.