Тиквеш договори две засилувања од Алкалоид

Раководството на Тиквеш денеска промовира нови засилувања за следната сезона, а тоа се Дарио Кофилоски и Мартин Димовски кои доаѓаат од Алкалоид.

Кофилоски во последните три сезони го носеше дресот на освојувачот на македонкиот Куп, додека Димовски претходно играше и за Голден Арт пред да го облече дресот Алкалоид.

Тиквеш претходно ги продолжи договорите со Манасков, Мијатовиќ и Обина, а го промовира и новиот тренер Драган Марковиќ-Марка.