Суперкупот во ракомет ќе оди на Телма

Во среда на 18. септември со почеток од 20:30 часот во спортска сала во Куманово ќе се одигра Суперкупот на Македонија.

Шампионот на минатогодишното првенство, тимот на Вардар, во Суперкупот на Македонија ќе игра против тимот на Металург. Двете екипи минатата сезона се сретнаа токму во финалето од Купот на Македонија што се играше во Куманово, а на таа средба славеше Металург по изведувањето на пенали (4-3), откако натпреварот заврши нерешено 29-29.

Директен пренос од натпреварот помеѓу Вардар и Металург ќе биде емитуван на ТВ Телма.