Струга немоќна во Кавадарци, Тиквеш запиша четврта победа

Ракометарите на Тиквеш на свој терен славеа убедлива победа против Струга со 38-30 во 10. коло од ракометната Суперлига.

Гостите поведоа само на стартот, а потоа домашниот тим брзо го наметна своето темпо и направи предност од 8-4 со која и најави како ќе се одвиваат работите до крајот на средбата. На одмор Тиквеш замина предност од пет гола разлика (20-15). 

Вториот дел на почетокот донесе еден мал налет на струга која дојде до „минус три“, меѓутоа тоа беше се од нив на оваа средба. Набрзо следуваше и серија на фаворитот со која стигнаа до 26-19 и од тој момент прашање беше само колкава разлика ќе слават домаќините.

Јован Даневски и Дарио Кофиловски со по седум гола беа најефикасни, додека за Струга Ненад Костески постигна шест гола.