Серафимов: Се чувствувам добро, му посакувам среќа на Металург во Тулуз

Мартин Серафимов е позитивниот ракометар на Ковид-19 во таборот на Металург. Тимот од Автокоманда вчера објави дека има два двајца заразени со вирусот во својот тим пред патувањето во Франција за дуелот со Тулуз во рамки на првото коло во Европската лига. 

Младиот ракометар на „металурзите“ денеска јавно преку својот „Фејсбук“-профил објави дека нема симптоми и се чувствува добро. 

Почитувани пријатели,
Сакам да ве известам дека сум Ковид позитивен при последното тестирање во РК Металург. Моментално се чувствивам добро и немам никакви симптоми. Ќе се придржувам кон протоколите за лекување и се надевам на брзо враќање на ракометот. Им посакувам на моите соиграчи успешен настап во Тулуз. Бладарност до клубот и соиграчите за подршката која ја добивам. Поздрав.

Металург има уште еден позитивен случај во стручниот штаб. Двајцата ќе го пропуштат патувањето во Франција. Тимот утре заминува за Тулуз, а натпреварот се игра во вторник со почеток во 18:45 часот.