
Радовиш и Партизан (како да) играа без голмани – мрежите се тресеа на секои 40 секунди!
Фактот што за 60 минути беа постигна дури 92 гола е нешто за што досега можеби воопшто не сме биле сведоци на терените во државата, па дури и поширокот. Ова сигурно е еден од десетте најефикасни средби во историјата на овој спорт, со оглед што мрежите во просек се тресеа на секои 40 секунди.
Разбирливо, со оглед на резултатот што по дури четворица ракометари од двата тима постигнаа двоцифрен број погодоци. Зоран Стојановски и Иванче Ончев имаа по десет гола во тимот на Радовиш, додека осум пати погоди Филип Костадинов, додека Васил Зајков со 14 погодоци и Ѓорѓе Банцалиски со 10 голови беа најефикасни кај гевгеличани.