Првиот човек на РК Преспа почина од Ковид-19

Претседателот на ракометниот клуб Преспа, Илче Котевски почина денеска од коронавирус на 40-годишна возраст, објави неговиот клуб, откако ја загубил битката со опасниот вирус кој сериозно зема замав во земјава и посебно во изминатиов период во регионот на Ресен и Преспа.

Котевски беше спортист, прв човек на РК Преспа, а во Ресен сите имаат убави зборови за него и сега се погодени од трагичната вест, откако денеска животот го загубил во градската болница „8 септември“ и тој е прва жртва од спортот од новиот Ковид-19.

Тој ќе остане запаметен како голем спортист и спортски работник.

Котески беше хоспитализиран во градската болница во Скопје, а за него во изминативе денови имаше јавен апел за да се донира крвна плазма со цел да се индицира терапијата и за да се спаси неговиот живот, а пред неколку дена докторот Мирослав Бошковски донираше крвна плазма, но сето тоа на крај за жал не помогнало за да се спаси животот на младиот ресенчанец и голем спортист.

Денес не напушти нашиот брат,другар и Претседател на Рк Преспа...Слава ти Илија...

Posted by Рк Преспа on Thursday, June 25, 2020